Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дебакл на демохристијаните на регионалните избори во Германија – Левицата победи во Берлин

/

Свет

Сподели преку :

Последните покраински, регионални избори во Германија за оваа година донесоа големи политички промени. Партијата „Левица“, наследник на поранешната комунистичка партија во Источна Германија, победи во Берлин, додека крајно десничарската Алијанса за Германија изби на првото место во Мекленбург-Западна Померанија.

Но, веројатно најрелевантно за овие избори е дебаклот кој го доживеа владеачките демохристијани на премиерот, Фридрих Мерц.

Особено тежок е поразот на ЦДУ, во североисточната покраина Мекленбург-Западна Померанија, каде не освоија ниту 5% од гласовите, неопходни за влез во регионалниот парламентот, остварувајќи резултат што беше дури и послаб од и онака лошите предизборни анкети.

Но Мерц нема намера да се повлече, потврдувајќи дека ќе продолжи со плановите на коалициската влада за спроведување на пакет економски, даночни и социјални реформи, неопходни според него за запирање на авторитаризмот.

Најмногу гласови во оваа провинција освои крајно десничарската партија „Алтернатива за Германија“, но малку е веројатно дека ќе ја преземе власта, бидејќи другите партии одбиваат да соработуваат со неа.

Но урбана Германија гласа поинаку од провинцијата. На изборите во најголемиот германски град, партијата Дие Линке, односно Левица и нејзината кандидатка, Елиф Ералп, освоија 25,7 % од гласовите пред ЦДУ на Мерц, АФД, Зелените и Социјал-демократите.

Левичарите ги поставија социјалните прашања и достапните домување како клучни теми во својата изборна кампања, а Ералп се инспирираше и од Њујорк и победата на левичарот Зоран Мамдани во најголемиот американски град.

„Драг Берлин, драги Берлинци. Од денеска, ќе работиме заедно за да го промениме нашиот Берлин и да го направиме подобро место. Сите ние заедно. Нашата заедничка визија за Берлин каде сите може да живеат достапно, каде што сите луѓе, без разлика од каде доаѓаат, без разлика во што веруваат, без разлика кого сакаат, и независно колку заработуваат – оваа споделена визија победи драги пријатели“ – изјави Ералп.

Доколку стане градоначалничка на Берлин, Ералп би била првата градоначалничка на овој град со мигрантско потекло. Нејзините родители избегале од Турција во Германија во 1980 година, додека таа е родена во Минхен

Дие Линке се позиционираат како јасен политички противник на крајната десница на Алијансата за Германија а нивниот подем се должи пред се на огромната поддршка од младите гласачи. За Левицата гласале 43 % од гласачите помлади од 25 години.

Никола Илиевски