Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта локални врнежи – Временска прогноза за 21.9.2026

/

Временска прогноза

Сподели преку :

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта кон вторник. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 km/h.

Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд и засилен ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 16°C, а максимумот од 25 до 33°C.

Информација од ова утро 20.9.2026

Утринска температура измерена во 8 часот (во °C)
23 Дојран, 20 Кавадарци, Велес, 19 Демир Капија, Гевгелија, 18 Скопје, Куманово, Виница, Штип, Струмица, Охрид, Радовиш, Претор, 17 Тетово, Крива Паланка, Пожаране, 16 Прилеп, Битола, Дебар, 13 Берово, Крушево.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
16 Крушево, 14 Ѓуриште, 11 Прилеп, 2 Берово, 1 Битола, Скопје – Петровец.

Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]