Во инцидент и тепачка во кумановскиот затвор во Кшање, 4 лица се повредени, еден од нив е затворски службеник кој учествувал во интервенцијата за раздвојување на двете спротивставени групи. Тепачката била вчера попладне кога требало да се извршат редарските обврски на затворениците во затворениот дел на установата.
-Станува збор за вербален судир на две групи осуденици од две различни соби кои се расправале која соба е на ред за чистење на заедничките простории. Во инцидентот учествувале 8-мина осуденици, а надлежните служби веднаш реагирале за да ги разделат двете групи. Во интервенцијата со гебнативка завршил еден од затворските полицајци, а уште тројца од затворениците се повредени. Веднаш е известена полицијата која зеде искази од вмешаните во инцидентот, а осудениците по казна се сместени во самица, ни изјави Ненад Цветковиќ, директор на затворот Кшање.
На повредените им е укажана лекарска помош, а истрагата ја води СВР Куманово. Според информациите на Телма меѓу вмешаните нема осуденици со звучни имиња и од познати судски кривични предмети.
Миомир Серафиновиќ
