Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Втор ден од парламентарните избори во Русија

/

Свет

Сподели преку :

Во Москва се отворија гласачките места за вториот ден од парламентарните избори во земјата. Властите го организираа гласањето во текот на викендот со цел да ја зголемат излезноста меѓу 111-те милиони гласачи со право на глас, а овозможија и електронско гласање.

Гласачките места низ 11-те временски зони во Русија се отворија во петокот, а гласањето ќе заврши во недела.

Гласачите пополнуваат две посебни гласачки ливчиња: со едното се пополнуваат половина од 450-те пратенички места во Државната дума преку избор на политички партии наведени на ливчето, додека за останатите места се гласа во изборни единици со еден мандат, каде што гласачите избираат поединечни кандидати.

Се очекува „Единствена Русија“, главната партија на Кремљ, да ја задржи контролата врз Државната дума, заедно со неколку други партии.