Земјоделци од сите региони на Македонија денеска дојдоа во Прилеп на сезeмејоделскиот предупредувачки протест. Сточaрите, тутнарите, оризпроизводителите, лозарите се пожалија дека се соочуваат со голем број проблеми и побараа исплата на заостанатите субвенции, како и средсвата од КОВИД пакетите, повлекување на законите за зелена такса и продажба на земјоелдското земјиште. Од протсетост сите барања ќе ги испратат до надлежните
Ние денес се одлучивме да го подигнеме гласот и да ги предупредиме надлежните дека земјоделието не ни оди на добро. Да земат во обзир дека оваа категорија граѓани ја храни нaцијата и придонесува во Буџетот на државата, рече Игор Мирчевски, координатор на тутнските здруженија
Кочанските оризопроизводители се пожалија дека ланскиот род не им е откупен, а откупните цени велат се ниски
Истот како и како кај останатите земјоделци и кај нас оризарите ситуацијата е катастрофална. Откуп немаме, цената нагло падна, а за два месеца имаме нова жетва и ситуацијата е алармантна.
Лозарите побараа заштитна откупна цена која нема д аможе да оди под 18 денари за килограм грозје.
-Ние бараме државата и лозарите да оформат заштитна најниска откупна цена, од која винариите не смеат да одат подолу. Да се прозиведе 1 кг грозје чини 13,2 денари, а грозјето се купува од 2 до 10 денари, рече Тане Јошев, регионални здружение Тиквешки лоазр
Земјоделците се пожалија дека одзивот на протестот е слаб поради притисоците што ги имале претходните денови. Побараа исполнување на нивните барања во најкус можен рок, во спротивно најавија радикални и масовни протести.
Емилија Мисирлиевски