Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Распишан тендерот за првата БРТ линија во Скопје

/

Економија

Сподели преку :

Европската банка за обнова и развој го објави претквалификацискиот тендер за изградба на првата линија од системот за брз автобуски превоз – БРТ во Скопје.

Линијата ќе биде долга околу 12,8 километри и ќе се протега од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, со вкупно 22 автобуски постојки. Проектот опфаќа изградба на коридорот на првата БРТ линија, ново депо во Ново Лисиче и надградба на постојното депо во Ѓорче Петров.

Заинтересираните компании прво ќе треба да поминат претквалификација, а рокот за доставување на пријавите е 2 ноември до 12 часот. За проектот ЕБОР претходно одобри кредит од 70 милиони евра, од кои 40 милиони се наменети за првата линија, а 30 милиони за втората линија.

Тендерот се однесува на инфраструктурата, додека набавката на автобусите ќе биде предмет на одделна постапка. Проектот предвидува и паметни постојки, систем за информирање на патниците, автоматска наплата на билети и управување со возниот парк и сообраќајот.

Jumbo 2