Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФЕД ги зголеми каматите, најавува нови поскапувања на парите

/

Економија

Сподели преку :

Американските Федерални резерва ја зголеми референтната каматна стапка за 0,25 процентни поени, на ниво од 3,75 до 4 отсто.

Одлуката е донесена поради високата инфлација, која според централната банка сè уште е над посакуваното ниво и не се намалува со доволно брзо темпо.

Новите проекции покажуваат дека мнозинството членови на ФЕД очекуваат уште едно зголемување на каматите до крајот на годинава.

Инфлацијата, мерена преку индексот на личната потрошувачка, сега се очекува да достигне 3,7 отсто, додека враќањето кон целта од 2 отсто е одложено до 2029 година.

Одлуката доаѓа и покрај повиците на американскиот претседател Доналд Трамп за значително намалување на каматите.

По објавувањето на одлуката, доларот зајакна, а приносите на двегодишните американски државни обврзници достигнаа највисоко ниво во повеќе од две години.