Адвокатот на Хашим Тачи, Пјер Проспер, денес во Хаг изјави дека е шокиран од одлуката на Специјализираните совети да го осудат Тачи на 25 години затвор и дека овој исход бил однапред одреден, бидејќи судот целосно ја игнорирал одбраната и зел предвид сè што изјавило Специјализираното обвинителство.
- „Овој исход бил однапред одреден. Имавме сведоци кои беа на терен и ги споделија своите искуства. Тие јасно покажаа дека Тачи немал никаква одговорност и дека имало регионални команданти. Овој суд ја преработи историјата велејќи дека тоа е криминална организација. Ќе поднесеме жалба“, рече Проспер.
Тој додаде дека тоа е „црн ден за меѓународната правда и крај на меѓународните трибунали“.
- „Која земја би потпишала основање на ваков суд, во кој 100 проценти од она што го изјави Обвинителството, а ништо од она што го презентираше одбраната… Тие рекоа дека НАТО соработувал со криминален потфат ќе биде прифатено“, нагласи Проспер.
Адвокатот на Кадри Весељи, Родни Диксон, рече дека се разочарани од одлуката на судот, посочувајќи дека недостатокот на докази бил нагласен во текот на целиот процес.












