Пазарот на недвижности во Македонија во првата половина од 2026 година бележи раст на активноста.
Регистрирани се 16.126 трансакции, од кои 11.395 купопродажби и 4.731 закуп, додека вкупната вредност на купопродажбите достигнала 625,7 милиони евра, што е 21,3 отсто повеќе од истиот период лани.
Најголем удел во купопродажбите имаат становите и земјоделското земјиште и шумите. Највисока вкупна вредност на трансакциите е регистрирана кај становите. Меѓу општините, најголема вредност на купопродажбите има во скопската општина Аеродром, пред Центар и Карпош…
Највисоката цена за квадратен метар стан е регистрирана во Општина Центар – 206.640 денари, односно околу 3.360 евра, за стан од 50 квадратни метри продаден за 168.000 евра.
Во Карпош е продадена куќа за 1,5 милиони евра, додека најскапиот деловен простор е регистриран во Аеродром, со вредност од 6,8 милиони евра. Просечната цена на становите од стара градба била највисока во Општина Центар.













