Неверојатно, но вистинито. Лидерот на “Има таков народ”, Слави Трифонов, како една од главните точки во програмата на новата влада, предлага испраќање на најмалку двајца бугарски астронаути во НАСА.
Тие мора да бидат маж и жена а идната бугарска влада ќе се обиде да приклучи и астронаут од Македонија.
Партијата на Трифонов по синоќешните избори во Бугарија, има најмногу гласови, па останува да се види дали ќе состави влада.
Трифонов во програмата најавува и дека ќе ја внесе Бугарија во Европската вселенска агенција.