Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Објавена драматична снимка од Брач, пожарникарите поминале низ огнот

/

Свет

Сподели преку :

Пожарникари кои со своето возило минуваат низ зоната на пожарот во Милна, на островот Брач ја покжаа борбата со огнот. Видео снимено од внатрешноста на кабината на противпожарното возило, прикажува пат опкружен со пламен и целосно прекриен со густ чад.

Возилото на пожарникарите  минува меѓу запалената вегетација и дрвјата.

Инаку пожарот на Брач избувна на 10 септември во областа Ложишќа. Огнот зафати трева, ниска вегетација, грмушеста вегетација  и шума, напорите за гаснење беа отежнати поради силниот ветер, густата вегетација и непристапниот терен.

Во текот на ноќта на 12 септември, пожарот се прошири кон Милна и кон заливите Дубока и Осибова, загрозувајќи луѓе и имот. Дел од жителите и туристите беа евакуирани по морски пат, а пожарникарите успеаја да ги заштитат повеќето од загрозените објекти.

На 14 септември, пожарот повторно се разгоре над Милна. Тогаш на терен беа ангажирани 204 пожарникари со 58 возила и два авиона „Ер трактор“, а на Брач ​​беа испратени и два авиона „Канадер“.