Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Курти повика на решение за политичката криза во Косово

/

Свет

Сподели преку :

Косовскиот премиер Албин Курти ги повика политичките лидери и пратениците да постигнат договор за избор на претседател и да го надминат политичкиот ќор-сокак во земјата.

На првата седница на новата влада тој предупреди дека нови предвремени избори нема да донесат суштинска промена и би биле неодговорни кон јавниот интерес. За избор на претседател во 120-членото

Собрание потребен е кворум од најмалку 80 пратеници, што Курти во моментов го нема. Доколку кризата продолжи, Косово би можело повторно да се соочи со предвремени парламентарни избори. Во меѓувреме, опозициските партии побараа од Уставниот суд да ја преиспита уставноста на постапката за конституирање на Собранието, изборот на претседателот на парламентот и неговите заменици.

Тие исто така најавија ново барање за оценка на уставноста на изборот на владата, тврдејќи дека се донесени одлуки од парламент кој сè уште не бил правилно конституиран.