Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нетанјаху: „Масовна победа“ над Хезболах

/

Свет

Сподели преку :

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел постигнал „уште една масовна победа“ над Хезболах во јужен Либан.

Според него, израелските сили уништиле значајна мрежа на подземна инфраструктура на групата во подрачјето на Бофор и Али Тахер.

Израелските власти претходно соопштија дека биле разнесени тунелски мрежи под стратешката позиција Али Тахер, во близина на Набатије.

Нетанјаху порача дека Израел ќе продолжи да ја уништува инфраструктурата на Хезболах во безбедносната зона во Либан и да ги отстранува заканите за земјата.

Тој истовремено предупреди дека секој нов напад врз Израел ќе биде проследен со, како што рече, „уште потешки удари“.