Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вучиќ објави дека на 27 септември ќе поднесе оставка, потоа со камионче ќе тера кампања

/

Свет

Сподели преку :

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека на 27 септември ќе поднесе оставка од функцијата претседател на Републиката.

Тој рече дека таа вечер ќе им се обрати на граѓаните и ќе им се заблагодари за нивната поддршка.

  • „Јас бев претседател на Републиката најдолго време, и единственото нешто што можам да кажам е дека верно им служев на Србија и на граѓаните на оваа земја… А потоа одам како обичен граѓанин, како порано, добив камиоче, имам свој автомобил, добив и кампер комби, за да посетувам села и урбани средини“, изјави тој за Пинк.

Вучиќ изјави дека ќе „оди во најоддалечените места во Србија“. Тој рече дека ќе има три или четири големи собири и тоа во Белград, Нови Сад, Крагуевац и Ниш, а последната средба ќе била во Ниш.

Б.С.

По масовниот одзив, студентите во Србија собраа потписи за изборната листа „Студентите победуваат“

Студентите во Србија кои ќе учествуваат со своја изборна листа на вонредните парламентарни избори ги собраа потписите за поддршка, а денеска треба да ги достават до Републичката изборна комисија. Студентите оценуваат дека одзивот на граѓаните бил „феноменален“. Потписи се собираа на повеќе локации низ земјата, а голем број граѓани се собраа и во Нови Сад,… Продолжи со читање

telma.com.mk