Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фото-финиш на изборите во Шведска – опозицијата во водство за три мандати

/

Свет

Сподели преку :

Мртва трка по парламентарните избори во Шведска. Исходот е неизвесен и сè уште е рано да се прогласи победник. Според прелиминарните резултати, социјалдемократите имаат предност од три пратенички мандати во однос на десничарската коалиција на премиерот.

По 94 отсто пребројани гласачки ливчиња, опозициските партии од левиот центар, здружени околу поранешната премиерка Магдалена Андерсон, досега освоија 176 мандати додека коалицијата околу актуелниот премиер Улф Кристерсон – 173.

Пред скандинавската земја се денови на неизвесност додека не се пребројат и последните гласови, а конечните резултати можеби нема да бидат познати до четврток.