Премиерот Мицкоски најави дека Владата ќе донесе мерка за намалување на ДДВ – то на дизелот од 18% на 10%. Оваа мерка ќе биде донесена на денешната владина седница која ќе се одржи онлајн, откако во петокот берзата затвори со околу 10 проценти повисока цена на нафтата и можеше да резултира со значително поскапување на горивата дома.
Со намалувањето на ДДВ-то и намалената акциза која што како мерка е донесена од претходно се очекува да има ублажување на ценовниот шок.
„Ќе донесеме уште една мерка за намалување на ДДВ – то на дизел горивото од 18 на 10% со што очекуваме наместо да има драматично зголемување да има намалување на цената на дизел горивото. Секако дека тоа ќе има импликации врз буџетот но наш интерес е да го штитиме стандардот на граѓаните “ рече Мицкоски.












