Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонската и хрватската Царина ја зајакнуваат соработката

/

Економија

Сподели преку :

Царинската управа на Република Македонија и Царинската управа на Република Хрватска потпишаа Меморандум за соработка со кој се зајакнува меѓуинституционалната соработка и се продлабочуваат економските врски меѓу двете држави.

Меморандумот го потпишаа директорите Бобан Николовски и Марио Демировиќ, со акцент на поддршката на евроинтегративниот пат и приближувањето на македонското царинско работење до европските стандарди.

Соработката предвидува размена на искуства и најдобри практики во модернизацијата и дигитализацијата на царинските постапки, како и пренос на знаења од областа на европското царинско законодавство и информатичките технологии.

Целта е подобрување на ефикасноста на институциите и олеснување на легалната трговија, со посебен фокус на потребите на економските субјекти.

Меморандумот ќе придонесе и за поефикасна борба против прекуграничниот криминал и незаконските трговски активности, како и за забрзување и поедноставување на царинските процедури.

Од двете институции посочуваат дека крајната цел е побезбедни и поефикасни граници, помалку задржување на стоките и создавање подобри услови за трговијата меѓу Македонија, Хрватска и поширокиот европски пазар.

Jumbo 2