Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Путин: Испраќање европски војници во Украина значи војна со Русија

/

Свет

Сподели преку :

Рускиот претседател Владимир Путин испрати остро предупредување до европските земји, велејќи дека евентуалното испраќање европски војници во Украина би значело директна војна со Русија.

„Сега зборуваат за испраќање војници на украинска територија. Тоа значи војна со Руската Федерација“, изјави Путин во Њу Делхи, каде што пристигна на самитот на БРИКС.

Путин истовремено тврди дека Русија не претставува закана за Европа и дека нема причина за конфликт со европските земји. Тој ги обвини западните држави за, како што рече, „системски грешки“ во политиката, безбедноста и економијата по завршувањето на Студената војна.

За време на посетата на Индија, Путин разговараше и со премиерот Нарендра Моди. Двајцата разговарале за политичката, економската, енергетската и одбранбената соработка, како и за регионалните и глобалните кризи.