Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Саудиска Арабија го затвори клучниот нафтовод по напад со дронови

/

Свет

Сподели преку :

Саудиска Арабија привремено го затвори својот стратешки Исток-Запад нафтовод, откако тој беше погоден во напад со дронови за кои Ирак потврди дека биле лансирани од негова територија. Во нападот има повредени, а причинетата материјална штета сè уште се проценува.

Нафтоводот долг околу 1.200 километри е од клучно значење за извозот на саудиската нафта, бидејќи овозможува транспорт до Црвеното Море и ја намалува зависноста од Стратешкиот теснец Ормутс.

Според проценки на аналитичари и компании за следење на танкерскиот сообраќај, преку него се транспортираат околу 4 до 5 отсто од глобалната понуда на нафта.

Ирак соопшти дека го разрешил командантот задолжен за операциите во провинцијата Мајсан, каде што се утврдило дека бил извршен нападот, и започнал истрага.

Саудиска Арабија засега нема да возврати, но предупреди дека го задржува правото да преземе мерки за заштита на својата безбедност и инфраструктура.

Нападот се случува во време на нова ескалација во Јемен, каде што Хутите за неколку дена презедоа значителен дел од брегот на Црвеното Море.

Нивното зајакнување создава дополнителен ризик за меѓународниот поморски сообраќај во близина на Баб ел-Мандеб, стратешки премин кон Црвеното Море и Суецкиот Канал.

Ескалацијата веќе се одразува врз пазарите. Цената на суровата нафта надмина 100 долари за барел, за првпат од јули, зголемувајќи ги стравувањата дека продолжувањето на конфликтот би можело дополнително да ги зголеми цените на енергенсите и да создаде нови нарушувања во глобалното снабдување.