Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МВР поднесе кривична пријава против две лица за убиството во Дуќанџик – и двајцата се во бегство

/

Македонија

Сподели преку :

Четири дена по убиството во скопски Дуќанџик, полицијата  поднесе кривична пријава против две лица, за убиство. Но според информации на Телма и двајцата осомничени се во бегство.

Како што веќе објави Телма, еден од осомничените е лице кое издржувало затворска казна за повеќе кривични дела, а за време на убиството бил на условен отпуст.

Убиството се случи ноќта на 6 септември околу 23:30 часот, во близина на раскрсницата на улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“, кога двајцата осомничени со мотоцикл дошле до местото и пукале со огнено оружје кон група лица. Неколку истрели беа фатални за 26-годишниот Амир Мурати кој тешко повреден беше пренесен на Ургентен, но во текот на ноќта им подлегна на повредите.

Кривичната пријава од полицијата е поднесена до Основното јавно обвинителство Скопје по преземени мерки и активности на полицијата.

Убиство во скопски Дуќанџик, осомничениот убиец кој е во бегство издржува затворска казна и бил на викенд отсуство

Неколку истрели беа фатални за 26-годишен маж, откако синоќа кон него и група луѓе било пукано од две лица кои се движеле со мотор. Тешко повредениот бил пренесен на ургентен, каде лекарите се обидувале да му го спасат животот, но во текот на ноќта им подлегнал на повредите. Напаѓачот по пукањето избегал и по него… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2