Иран во петокот повика на прекин на, како што ја нарече, блокадата на Јемен и на итно продолжување на преговорите меѓу Саудиска Арабија и Хутите.
Иранското Министерство за надворешни работи порача дека треба да се почитуваат независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Јемен.
Повикот доаѓа откако Хутите ја презедоа контролата врз стратешкиот остров Мајун, во теснецот Баб ел Мандеб, на влезот во Црвеното Море.
Саудиска Арабија возврати со воздушни напади врз аеродромот во клучниот пристанишен град Моха, кој Хутите го зазедоа во четвртокот.
Техеран оцени дека без почитување на правата и достоинството на јеменскиот народ не може да има безбедност и стабилност во Западна Азија и регионот на Црвеното Море.
Од Саудиска Арабија засега нема официјален коментар за повикот на Иран.












