Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стевчо Јакимовски излегува од затвор? Врховниот суд ја укина правосилната пресуда

/

Македонија

Сподели преку :

Врховниот суд  ја укина правосилната пресуда против Стевчо Јакимовски од Скопје и предметот го врати на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд.

Одлуката ја донел Советот за казниви дела при Врховниот суд на седница одржана на 9 септември 2026 година, постапувајќи по предметот КВП КОК2-18/26.

–Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, на седницата одржана на ден 09.09.2026 година, донесе пресуда КВП КОК2-18/26, со која го уважи барањето на осудениот Стевчо Јакимовски од Скопје, за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесено преку бранителот Виктор Цветковски, адвокат од Куманово, ги укина пресудата на Основен кривичен суд Скопје КОК-157/21 од 23.04.2025 година и пресудата на Апелационен суд Скопје КОКЖ-110/25 од 15.05.2026 година и предметот го врати на првостепениот суд на повторно постапување и одлучување, стои во одлуката.

Стeвчо Јакимовски се пријави во затворот во Шутка, потврдија од скопскиот затвор за Телма

Стевчo Јакимовски замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци, објави политичкото движење ГРОМ, кое го предводи поранешниот градоначалник на Карпош. Од Партијата велат дека Јакимовски доброволно заминал на отслужување на затворската казна во затворот „Скопје“ во Шутка. Тие обвинија дека Кривичниот суд донел неправдена и политички мотивирана пресуда тврдејќи дека Јакимовски… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2