Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

OJO: Парите помошникот директор ги побарал како поткуп за да влијае во две постапки пред Царинската управа

/

Македонија

Сподели преку :

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР го приведоа помошник директорот на Царинската управа кај кого се пронајдени обработени парични средства во износ од 17.500 евра.

Според првичните сознанија парите биле побарани како поткуп со цел во две постапки пред Царинската управа да го употреби своето реално влијание и наводно да помогне.

Детали од настанот обвинителството ќе сподели во текот на утрешниот ден.

Помошник директор во Царина е уапсен со обележани 17.500 евра

Уапсен е помошник директор во Секторот за административни и технички работи во Царинската управа. По преземањето на парите, тој е затекнат како прима мито на претходно обележани пари во износ од 17.500 евра. По преземените мерки и активности, полициските службеници го фатиле и го лишиле од слобода. Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2