Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Определен куќен притвор за директорката на гостиварски Комуналец, Асани

/

Македонија

Сподели преку :

Наместо во притвор во домашен притвор  ќе биде поранешната в.д. директорка на гостиварски „Комуналец“ Артана Асани, осомничена во случајот со загадувањето на водата во Гостивр, потврди за Gostivarpress.mk судијата на претходна постапка во Основниот суд Гостивар, Ќирко Михајлоски.

Одлуката за определување куќен притвор е донесена по барање на бранителите на осомничената, а по добиено позитивно мислење од Основното јавно обвинителство, појасни судијата.

За другите двајца осомничени раководители во „Комуналец“, засега нема нов момент во однос на мерката притвор. Од Основниот суд Гостивар потврдија дека за нив сè уште не е донесено ново мислење во врска со мерката притвор.

Поранешниот  в.д директорка на Комуналец Гостивар Артана Асани, техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот на одделението за водовод Вадедин Дервиши се осомничени за кривично дело од областа на тешките дела против животната средина и природата, односно за загадување на вода за пиење, за кое е предвидена затворска казна од најмалку четири години.

Уапсена е директорката на „Комуналец“ Асани и уште двајца други раководители за епидемијата во Гостивар

Полицијата ја уапси директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ во Гостивар, Артана Асани, потврдија за Телма извори од истрагата. Според првичните информации, со неа се уапсени и двајца нејзини соработници, техничкиот директор, Леон Нуредини, и раководителот на водоводот, Вадедин Дервиши. Делата за кои се гонат се “Загадување вода за пиење” по член 219 од Кривичниот законик,… Продолжи со читање

telma.com.mk

 

 

 

Jumbo 2