Свет Топ вести

Делијски: Премногу се фокусиравме на смената на ГЕРБ

Бугарија пред нови неизвесни избори. Бугарските политички коментатори воздржани во проценките кој може да победи, но согласни во констатацијата дека во идната влада ќе нема место за ГЕРБ Бојко Борисов.

Д-р. Страхил Делијски од Катедра за политички науки Универзитетот „Св. Климент Охридски” вели дека бугарското општество е исклучително поларизирано, и кампањата премногу се фокусирала на симнувањето од власт на ГЕРБ, наместо на важните пражања за општеството.

„Тоа што ќе се случи е што барем на извесно време ќе имаме промена на лицата во политичката влада. Без разлика на составот на следната влада, таа ќе има исклучително тешка задача. Како прво да одговори, како што кажавте и виде, на големите очекувања, бидејќи во текот на една кампања се создаваат големи очекувања, но за време на владеењето тие големи очекувања тешко се остваруваат. И второ, бугарското општество е исклучително поделено, поларизирано. Имаме различни групи кои имаат спротивставени потреби и интереси, и често пати тие групи не можат ниту да зборуваат меѓу себе. Тоа ги прави комуникацијата и владеењето исклучително тешки, бидејќи секогаш ќе се најде некоја, не баш мала група, на која нема да ѝ се допаѓа некое политичко решение“, вели Делијски.

Делијски не ја исклучува можноста од нови вонредни избори, ако останатите партии не успеат да се договорат за формирање коалиција.

„Не е невозможно. Но, не сум сигурен дека мнозинството бугарски граѓани позитивно ќе реагираат на едно такво сценарио. Но, тоа не е невозможно. Живееме во ситуација во која има јасно отцртување на новите работи, на надминувањето на навиките. Ситуација во која имаме јасни спротивставености меѓу политичките и економските елити. Внимавајте, не постои ниту можност за консензус меѓу различните политички и економски елити. Воопшто една ситуација од која тешко можеме да излеземе со минатите начини на размислување. Потребен ни е нов политички јазик, потребна ни е нова политичка слика, ако така сакате, и потребно ни е да сфатиме дека политиката е инструмент на иднината, а не на минатото, порачува Делијски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе