Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алпските глечери забрзано се топат

/

Свет

Сподели преку :

Екстремно топлото лето предизвика забрзано топење на алпските глечери, предупредуваат италијански глечеролози. На глечерот Досде во Ломбардија годинава е измерено повлекување од 31 метар, а на неговата површина речиси и да нема преостанат снег од зимата, што дополнително го забрзува топењето.

Научниците велат дека комбинацијата од високите температури и помалите снежни врнежи е особено штетна за глечерите.

Во Ломбардија, нивната површина од 1991 година е намалена за повеќе од 40 проценти. Слична состојба е забележана и на глечерот Форни, кој поради повлекувањето на мразот се поделил на три одделни ледени маси.

Експертите предупредуваат дека затоплувањето не влијае само врз глечерите, туку носи и почести екстремни временски услови, обилни дождови на големи надморски височини и поголема нестабилност на планинскиот терен.