Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Август најтопол месец досега

/

Свет

Сподели преку :

Август 2026 година е најтоплиот месец на Земјата досега измерен, според европската климатска служба „Коперник“. Просечната глобална температура достигнала 16,96 степени Целзиусови, што е за 1,65 степени над прединдустриското ниво.

Температурата практично се изедначила со рекордот од јули 2023 година.

Научниците велат дека екстремната топлина е резултат на комбинацијата од долгорочното глобално затоплување предизвикано од човековите активности и силниот феномен Ел Нињо.

Сепак, најголемиот дел од затоплувањето се должи на емисиите од согорувањето на јаглен, нафта и природен гас.

Во август е изедначен и рекордот за најтоплиот месец на океаните.

Експертите предупредуваат дека ваквите рекорди стануваат сè почести, со последици што директно влијаат врз секојдневниот живот – од топлотни бранови и пожари, до поплави и нарушувања во транспортот.

Според проценките, 2026 година би можела да биде најтоплата година досега, додека 2027 година би можела дополнително да го надмине рекордот.