Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Меркел за успехот на АФД: Шокантно!

/

Свет

Сподели преку :

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека е шокирана од изборниот успех на Алтернатива за Германија (АфД) во сојузната покраина Саксонија-Анхалт.

– Ова е едноставно шокантно – рече таа денеска во интервју за време на саемот за технологија во Келн.

Нејзината партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), беше поразена и изгуби половина од претходната поддршка.

– Како членка на ЦДУ, ова многу ме боли. Ова е пресвртница, вистинска пресвртница во историјата на Сојузна Република Германија – рече Меркел, која ја водеше германската влада од 2005 до 2021 година.


На парламентарните избори во Саксонија-Анхалт во недела, АфД освои 43,8 проценти од гласовите. ЦДУ освои 17,2 проценти, додека социјалдемократската СПД падна на 9,3 проценти. Левицата освои 8,6 проценти, Зелените 8,9 проценти, а популистичко-левичарскиот сојуз БСЊ 5,3 проценти од гласовите.