Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ одобри 3,2 милијарди евра за Киев да си купи ракети „Патриот“

/

Свет

Сподели преку :

Членките на Европската Унија направија договор за исклучок од правилата на програмите за заеми за поддршка на Украина, со што е овозможено на Киев со дел од средствата да купи критична опрема за противвоздушните системи „Патриот“.

Одлуката ја соопшти претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, наведувајќи дека земјите се согласиле на исклучок неопходен за финансирање на набавките.

Наредната исплата за Киев во рамки на програмата ќе изнесува 3,2 милијарди евра. Досега преку тој механизам за префрлени 8,4 милијарди евра на Украина, вклучувајќи и средства за зајакнување на противвоздушната одбрана.

Вкупната вредност за заемот за поддршка на Украина за 2026 и 2027 година изнесува 90 милијарди евра. Две третини од тој износ, или околу 60 милијарди евра се предвидени за набавка на воена опрема, додека една третина е наменета за буџетска поддршка.