Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пет луѓе загинаа во пад на медицински хеликоптер во Малезија

/

Свет

Сподели преку :

Пет луѓе загинаа во пад на медицински хеликоптер во Малезија, соопшти денеска министерот за здравство на земјата, Џулкефли Ахмад. Ахмад во соопштението рече дека, според првичните информации, пилотот и четворица службеници на министерството биле во хеликоптерот кој се урна во близина на аеродромот Лонг Леланг во сојузната држава Саравак.

Според него, во хеликоптерот биле еден медицински службеник, помошник медицински службеник и две медицински сестри на службена должност. Службата „летечки лекари“ вообичаено користи авиони за обезбедување медицинска нега, итен транспорт и клинички услуги во руралните или изолираните региони.

Операциите за пребарување беа попречени од густата магла, поради што на спасувачите им беше забрането во потрагата да користат хеликоптери или авиони, изјави полицискиот комесар на Саравак, Мохамад Заинал Абдулах. Тој додаде дека местото на несреќата е во оддалечена област, до која е потребно да се патува по копнен пат десет часа.