Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мерц и ЦДУ немаат решенија пред „налетот“ на Алтернатива за Германија

/

Свет

Сподели преку :

Неубедливите коментари на германскиот канцелар Фридрих Мерц може да послужат само како ветар во грб на Алтернатива за Германија во нејзиниот политички налет кон освојување на федералната влада во Берлин, оценуваат политичките аналитичари во најголемата европска економија.

Фридрих Мерц, секако е ослабен од овој резултат, бидејќи ова е тежок пораз за ЦДУ, пад под 20%. Но, ова всушност го потврдува впечатокот кој веќе постоеше, дека оваа федерална влада е многу непопуларна, а таа непопуларност е тесно врзана со канцеларот, смета политичкиот аналитичар волкер резинг.

16 месеци по преземањето на функцијата и ветувањето дека ќе ја преполови поддршката за АФД, Мерц и неговата Демохристијанска унија се чини дека немаат план како да излезат од најголемата политичка криза со која се соочуваат по тешкиот пораз во Саксонија-Анхалт, и очекуваниот нов пораз на изборите во Мекленбург-Западна Померанија од Алтернативците и губењето на власта во Берлин за сметка на коалицијата на левичарски партии.

Кога речиси 60% од гласачите во една сојузна држава, среде висок одзив, гласаат за политички партии кои во основа ги напаѓаат демократските институции на нашата држава и правилата на играта, тогаш тоа е изборен резултат по кој не можеме едноставно да продолжиме како ништо да не било. Нема да го направиме тоа. Опширно дискутиравме за ова. Тоа длабоко нѐ погодува, вклучувајќи ме и мене лично. Морам да признаам, ова е најсериозниот изборен пораз на ЦДУ изминативе години, децении, порача мерц.

Дополнителните четири регионални избори кои треба да се одржат следната година ја ставаат ЦДУ пред сериозно тешка одлука, дали да ги збијат редовите зад непопуларниот канцелар, или од корен да го променат пристапот со нов лидер на чело на партијата.

Но, Мерц порачува дека нема да се откаже без борба.

Потребни ни се фундаментални реформи во Германија. Фактот дека не само што треба рационално да ги оправдаме, туку и емоционално да ги пренесеме, сега е заедничка одговорност, одговорност кој јас, исто така, сум посветен да ја исполнам. Станува збор, ни помалку ни повеќе за иднината на нашата држава и можностите за нашите деца и внуци. Не смееме да ги потрошиме тие можности. Токму затоа мојата решителност да продолжам по патот на реформите останува непоколеблива, дециден е германскиот канцелар.

Имајќи го сето ова во предвид, Алтернатива за Германија е решена да го искористи моментумот и оваа победа на изборите да ја трансформира во дебакл за Мерц и Демохристијанската унија.

ЦДУ/ЦСУ никогаш повеќе нема да победи на федерални избори, тоа е факт. Веќе се 10% зад нас, а мојата јасна цел е таа разлика значително да се прошири колку што може побрзо и да порасне најмалку до 40% пред наредните федерални избори. Севкупно, како што можете да видите од резултатот, Германија сака, народот во оваа држава сака промени во политиката, и сакаат конечно политиките да се спроведуваат за нашата држава, политики за нашата Германија, порачува лидерката на Алтернатива за германија алис вајдел.

И додека АФД точно ги идентификуваше слабите точки во политиките на владејачката партија и ефикасно напаѓа по нив, миграцијата, цената на енергенсите и тромавиот економски раст, единствениот план Мерц е да се обиде да стане подобар политичар и појасно да ги претставува своите политики.

Игор Трајков