Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, сончево и топло со мала облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 18°C, а максимумот од 27 до 34°C.
Информација од ова утро 8.9.2026
Утринска температура измерена во 8 часот (во °C)
22 Гевгелија, 20 Кавадарци, 19 Охрид, Претор, 18 Демир Капија, Крушево, Струмица, Велес, 17 Битола, Виница, 16 Тетово, Скопје, 14 Берово, Маврово, 13 Крива Паланка.
Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]












