Најмалку 12 лица загинаа, меѓу кои и деца, во израелски воздушни напади врз селото Кфар Руман во јужен Либан, соопшти либанското Министерство за здравство.
Во нападите има и повеќе повредени, а меѓу жртвите е и болничар.
Израелската армија соопшти дека нападите биле одговор на напади со експлозивни дронови што ги лансирал Хезболах кон израелски војници.
Израелските сили тврдат и дека погодиле припадник на Хезболах кој пренесувал оружје кон Кфар Руман. Хезболах не ја презеде одговорноста за нападите.
Ескалацијата доаѓа и покрај примирјето постигнато пред повеќе од два месеца. Израел неодамна соопшти дека воспоставил „оперативна контрола“ врз стратешкиот рид Али Тахер, додека договорот за повлекување на израелските сили и разоружување на Хезболах, постигнат со посредство на САД, досега има ограничен напредок.












