Германија пред Меѓународен суд на правдата побара Никарагва да го отфрли случајот во кој Берлин е обвинет дека преку испорака на оружје и друга воена поддршка за Израел придонесува кон наводен геноцид во Газа.
Германската претставничка Јулија Монар изјави дека Германија е цврсто посветена на меѓународното право и дека тужбата на Никарагва е неосмована и ја надминува надлежноста на Судот.
Таа потсети дека во април 2024 година Судот го одбил барањето на Никарагва за воведување привремени мерки против Германија.
Никарагва тврди дека Германија ги прекршува Конвенцијата за геноцид и меѓународното хуманитарно право со поддршката за Израел.
Германија ги отфрла обвинувањата, додека Израел, кој не е страна во постапката, негира дека неговите воени дејствија во Газа претставуваат геноцид.












