Според последните информации болеста овчи сипаници е потврдена во 64 жаришта од кои 50 се во Источниот, седум се Североисточниот регион, 6 во Вардарскиот и еден во Скопскиот.
Од Министерството за земјоделство велат дека се чека на одобрување на вакцини преку Европската комисија од Турција и од ФАО – Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), но министерот не можеше да каже колку долго ќе трае оваа процедура.
– Обезбедувањето вакцини нема автоматски да значи започнување на вакцинацијата. Одлуката ќе се темели на стручна проценка на епидемиолошката состојба, ризикот и можните ветеринарно-здравствени и економски последици од вакцинацијата – рече министерот за земјоделство Борче Серафимовски.
Според Серафимовски, еден од главните ризици за пренесување на заразата е стрижењето на овците со ножици кои претходно не биле соодветно дезинфицирани. Тој апелираше до сточарите доследно да ги почитуваат препораките на надлежните институции, навремено да ги пријавуваат сомнителните случаи и да избегнуваат користење заедничка опрема без претходна дезинфекција.
Сточарите чии стада се погодени од појавата на сипаници кај овците ќе бидат обесштетени.
Досега се угинати10.000 грла овци.













