Кремљ соопшти дека не ја исклучува можноста за телефонски разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин по посетата на американските пратеници на Киев и Москва.
Портпаролот Дмитриј Песков изјави дека Москва сè уште нема информации за резултатите од разговорите во Киев.
Песков додаде дека Русија не ја исклучува ниту можноста за обновување на трипартитните преговори меѓу САД, Русија и Украина. Сепак, според него, сè уште е прерано да се зборува за точниот датум и местото на евентуалната средба.
Кремљ ги оцени дипломатските напори на американските претставници како чекор кон постигнување мир.
Песков истакна дека Путин ги цени напорите на Трамп и неговата определба за изнаоѓање мирно решение за конфликтот.












