Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Српската влада денеска носи одлука за распишување избори

/

Свет

Сподели преку :

Српската влада денеска ќе одржи вонредна седница на која премиерот Џуро Мацут ќе предложи распуштање на парламентот и распишување избори, објавуваат медиумите во земјата.

Како можен најран датум за нивно одржување се спомнува 25 октомври, затоа што според српскиот изборен законик кој пропишува дека изборите мора да се одржат од 45 до 60 дена од нивното распишување.

Главниот одбор на владејачката Српска напредна странка, претходно донесе одлука носител на партиската листа на изборите да биде претседателот Александар Вучиќ, кој би бил и главен кандидат за премиер доколку партијата повторно освои најмногу пратенички места.

Вучиќ претходно најави дека ќе поднесе оставка на претседателската функција за да може да ја води предизборната кампања, иако законот му дозволува во неа да учествува и како претседател на земјата.