Алтернатива за Германија (АфД) убедливо победи на покраинските избори во Саксонија-Анхалт и го постигна најдобриот резултат во својата историја. Според излезната анкета на АРД, крајно десничарската АФД освои 44,5 отсто од гласовите, повеќе од двојно во споредба со изборите во 2021 година.
Регионалниот лидер Улрих Зигмунд прогласи историска победа и најави обид за формирање влада, иако првичните проекции покажуваат дека АФД може да остане без апсолутно мнозинство.
Сите големи партии досега одбиваа соработка со АФД, која никогаш не била дел од покраинска или федерална влада. Резултатот се смета за силен политички потрес за Германија, особено бидејќи АФД води и во анкетите на федерално ниво.












