Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иран ги обвини САД за напад врз танкер во Персискиот Залив

/

Свет

Сподели преку :

Техеран денеска ги обвини САД за напад врз ирански танкер во близина на островот Харг во Персискиот Залив. Иранската државна телевизија соопшти дека четири американски ракети го погодиле танкерот, што се наоѓал на десеттина километри од островот Харг.

Телевизијата додаде дека евакуацијата на членовите на екипажот е во тек и оти нема жртви во нападот.

Островот Харг е главниот ирански терминал за извоз на нафта и стратешки важен центар за транспорт на сурова нафта од земјата. Островот повеќепати беше цел на напади за време на конфликтите меѓу САД и Иран.