Српскиот претседател ја прифати едногласната одлука на Главниот одбор на Српската напредна партија (СНП) на претстојните предвремени парламентарни избори да настапи со листа „Александар Вучиќ – Обединета Србија“, како и актуелниот претседател да биде кандидат за премиер. Вучиќ во обраќањето пред присутните рече дека укажаната доверба претставува огромна чест за него. Најави дека изборите ќе ги распише за неколку дена.
„Ова за мене е огромна чест. Пред 18 години ја основавме партијата и за тие 18 години успеавме да урнеме ненароден режим. И успеавме да ја промениме Србија. Дали сè беше идеално, дали направиме сè како што треба? – Секако не. Грешевме и тие грешки мора да ги прифатиме, да ги разбереме и да ги признаеме пред граѓаните. Но, дали работите ги менувавме на подобро? – Да“, изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.












