Жена и маж се спасени во одделни спасувачки операции во Непал по 10 дена од катастрофалните поплави што го опустошија северниот дел на земјата. Мажот е извлечен од тунел на хидроцентрала долг 225 метри, а жената беше спасена од затрупана куќа. Двајцата со воен хеликоптер се пренесени во болница во Катманду на прегледи и укажување на неопходната медицинска помош.
Во меѓувреме продолжуваат спасувачките операции по преживеани. Спасувачките напори се насочени кон 12 хидроенергетски проекти низ Непал во чии тунели се проценува дека се заробени околу 500 работници, соопштија властите.
Најмалку 1.300 луѓе загинаа во поплавите од 26 август, кои веројатно беа предизвикани од уривање на глечер, а повеќе од 5.000 лица сè уште се водат како исчезнати, според податоците на непалската агенција за управување со катастрофи.












