Кремљ не ги потврди информациите дека американските специјални пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф ќе ја посетат Москва. Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека јавноста ќе биде информирана доколку дојде до средба.
Информациите за можна посета доаѓаат во период на засилени дипломатски напори за ставање крај на војната во Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека американските пратеници се очекува да го посетат Киев во наредните денови.
Меѓувреме, руските напади врз Украина продолжуваат. Локалните власти соопштија дека во ноќните напади загинале најмалку три лица.
Воздушните напади се интензивираат, а борбите долж источниот и јужниот фронт и натаму во голема мера се без значителни поместувања.












