Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД воведуваат нови санкции против Куба, на листата и внукот на Раул Кастро

/

Свет

Сподели преку :

Американската влада во четвртокот воведе нови санкции против Куба, во рамки на новите напори за дополнително задушување на економијата на островот и продлабочување на неговите повеќекратни кризи.

Меѓу санкционираните се и Фидел Ернесто Кастро, внук на поранешниот претседател Раул Кастро, како и кубанската компанија за увоз на опрема за нафтената индустрија, позната како „Абапет“ (Abapet). Компанијата е задолжена за увоз на специјализирана опрема и резервни делови неопходни за одржување на дотраената електроенергетска мрежа на Куба.

„Санкциите имаат за цел да ја остават без работа критичната инфраструктурна опрема на Куба и да ја влошат енергетската криза во земјата“, изјави Брет Ериксон, експерт за санкции и управен директор во консултантската компанија „Обсидијан Риск Адвајзорс“ (Obsidian Risk Advisors).

„Се чини дека администрацијата на Трамп нема сериозна намера да прифати каква било промена во Куба, освен соборување на режимот. Марко нема да дозволи тоа да се случи“, додаде тој, мислејќи на американскиот државен секретар Марко Рубио.

Во меѓувреме, Рубио во пишана изјава објавена на официјалната веб-страница на Стејт департментот, наведува дека „комунистичкиот кубански режим и натаму претставува сериозна и повеќеслојна закана за националната безбедност на САД“.

Овие санкции ја одразуваат непоколебливата визија на претседателот Трамп за слободна Куба – Куба во која нелегалните финансиски мрежи на режимот, репресивниот апарат и вкоренетите структури на моќ од ерата на Кастро ќе бидат разбиени и во која иднината на нацијата ќе им припадне на кубанскиот народ, а не на неговите угнетувачи – се наведува во изјавата.

Активностите на Министерството се преземаат согласно Извршната наредба 14404, која овозможува воведување широки санкции против Куба, вклучително и против лица кои го поддржуваат безбедносниот апарат на кубанскиот режим и лицата одговорни за репресијата во Куба, како и за други закани по националната безбедност на САД.