Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Германија бара ЕУ да ги заостри ограничувањата при издавањето туристички визи за руски граѓани

/

Свет

Сподели преку :

Германската Влада ги повика европските партнери да воведат построги ограничувања за туристичките патувања на руски граѓани во Европската Унија.

„Бројот издадени визи од типот Ц за руски граѓани кои сакаат туристички да престојуваат во Европската Унија е премногу висок“, изјави портпарол на германското Министерство за надворешни работи во Берлин.

Тој потсети на договорот постигнат во рамки на ЕУ во 2022 година, според кој земјите-членки треба заеднички да работат на намалување на бројот издадени краткорочни визи од тој тип.

Истовремено тој посочи дека договореното се применува „со различен степен на строгост во различни земји“.

„Целта е во ЕУ да можат да влегуваат само лица кои не претставуваат закана“, додаде портпаролот.

Германската Влада вчера ја обвини Русија за неуспешниот напад со дрон врз аеродромот во Лајпциг и најави контрамерки.