Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

86 тони холандско злато преместено од САД и Канада во Лондон

/

Економија

Сподели преку :

Холандската централна банка  преместила 86 тони од своите златни резерви од САД и Канада во Лондон, повикувајќи се на растечките геополитички тензии. Според Банката, златото во Лондон е полесно достапно за тргување, што овозможува побрза реакција доколку се појави кризна ситуација.

Претседателот на ДНБ, Олаф Слејпен, изјави дека со потегот е зајакната отпорноста и подготвеноста на институцијата. Тој нагласи дека Банката не очекува да има потреба да ги користи резервите, но сака да обезбеди поголема оперативна флексибилност во услови на неизвесност.

Холандија на крајот на 2025 година располагала со вкупно 612,4 тони злато, проценети на 72,2 милијарди евра.

По преместувањето, уделот на резервите во Лондон пораснал од 18,1 на 32,1 отсто, додека 30,8 отсто остануваат во Холандија.

Пред трансферот, 31,3 отсто од златото се чувало во Њујорк, а 19,7 отсто во Отава.