Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп го спасува буџетот: САД избегнаа новa владинa блокада

/

Свет

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша закон со кој се продолжува финансирањето на федералната Влада и се избегнува прекин на нејзината работа пред ноемвриските избори за Конгресот.

Со мерката, федералните агенции ќе можат непречено да функционираат и по 1 октомври, кога започнува новата фискална година.

Финансирањето е продолжено до 11 декември, откако Претставничкиот дом го усвои законот, а Сенатот претходно ја одобри мерката.

Со тоа Конгресот добива дополнително време за постигнување договор и усвојување на целосниот буџет за фискалната 2027 година.

Одлуката привремено го отстранува ризикот од т.н. „shutdown“, односно делумен прекин на работата на федералните институции поради недостиг на одобрено финансирање.

Прашањето за долгорочното финансирање, сепак, останува отворено и ќе биде повторно на дневен ред во декември.