Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Треба ли да го преименуваме Ормускиот Теснец во Трампов Теснец?

/

Свет

Сподели преку :

Претседателот на САД, Доналд Трамп предложи Ормускиот Теснец да се преименува по него. Предлогот за спорната точка меѓу САД и Иран го изнесе во објава на социјалната мрежа Трут Сошл.

„Сега кога е под контрола на САД, треба ли да го смениме името на Ормускиот Теснец во Трампов Теснец“, напиша меѓудругото Трамп.

Нејасно е на кој начин би се обидел Трамп да го промени името на теснецот кој не е во близина на САД.

Ваквата објава на Трамп доаѓа по помалку од недела дена од потпишувањето на Извршна наредба со која езерото Онтарио го преименува во езеро Америка. Со неа ги задолжи министерството за внатрешни работи и неговиот министер да го ажурираат новото име на езерото во службената база на податоци со географски називи. Канада ја отфрли промената, иако Гугл и Епл ги ажурираа своите мапи за корисниците во САД.