Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Американската војска повторно гаѓа нови цели во Иран

/

Свет

Сподели преку :

Американската војска соопшти дека повторно изведува напади врз нови цели во Иран, додека повторно се зголемуваат непријателствата по едномесечен период без воени дејствија.

Американската Централна команда во вторникот наведе дека нападите „следуваат по неодамнешните обиди за напади од страна на Исламската револуционерна гарда на Иран (ИРГЦ) врз комерцијалниот поморски сообраќај во Ормускиот Теснец, како и врз американските војници распоредени во регионот – објави американската јавна телевизиска мрежа PBS.

Централната команда на САД тврди дека нападите се насочени кон цели на Иранската револуционерна гарда и дека следуваат по неодамнешните активности на иранските сили против комерцијални бродови и американските сили распоредени во регионот.

Два дена претходно, американската војска изврши напади врз два ирански ракетни лансери на островот Ларак во Ормускиот Теснец. Според американската страна, припадници на Револуционерната гарда биле забележани како се подготвуваат да употребат ракети и да постават поморски мини во теснецот.

Иранските власти соопштија дека во тие американски напади загинале две лица, а неколкумина биле повредени.

По американските напади, Иран возврати со напади врз цели поврзани со американските сили во регионот.

Иранската револуционерна гарда соопшти дека со балистички ракети биле нападнати американски воени позиции во Јордан и тврдеше дека биле погодени две бази и била предизвикана значителна материјална штета.