Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за формирање на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Информација од ова утро 1.9.2026
Утринска температура измерена во 8 часот (во °C)
18 Берово, 19 Попова Шапка, 20 Крива Паланка, 21 Радовиш, Куманово, Охрид, Тетово, Маврово, 22 Битола, Прилеп, Крушево, Виница, Претор, 23 Штип, Струмица, 24 Скопје, Гевгелија, Велес, Демир Капија, 25 Кавадарци
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Преспанско Езеро 25.0, Дојранско Езеро 27.2
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo












