Спасувачките екипи и натаму трагаат по работници во повеќе тунели во поплавените хидроцентрали во Непал додека бројот на загинати во катастрофалните поплави надмина 1.000, а речиси 4.500 луѓе се водат како исчезнати.
Досега се спасени речиси 12.000 луѓе. Фокусот во спасувачките операции, покрај на цивилното население, е насочен на пронаоѓање на 900-тини работници кои се верува дека исчезнаа на 12 градилишта на хидроцентрали. Се проценува дека 500-тини од нив се заробени во тунели, па спасувачките се обидуваат да им обезбедат вода за пиење и кислород. Поради опасност од ширење на заразни болести, властите во округот Читван започнаа со привремени погреби на неидентификувани тела.
Дел од експертите веруваат дека некои од работниците имаат пристап до кислород, други, пак, предупредија дека шансите за пронаоѓање на преживеани се намалуваат од ден во ден.












